Поранешниот американски претседател Доналд Трамп отвори својата интернет платформа каде ќе може да поставува пораки кои другите ќе можат да ги споделуваат на Твитер и на Фејсбук, каде неговите налози се суспендирани.
Налозите на Трамп на Твитер и на Фејсбук се суспендирани по инцидентите во Капитол, а тој најави дека ќе покрене сопствена интернет платформа.
„Директно од масата на Доналд Џеј. Трамп“ уследи еден ден пред одлуката на Фејсбук дали суспензијата на Трамп да се продолжи на неопределено време.
Налозите на Трамп се суспендирани поради страв од понатамошни насилни нереди по упадот на неговите приврзаници во Конгресот на 6 јануари годинава
Comments are closed for this post.