Властите во Албанија одлучија сите македонски државјани кои ќе влезат во Албанија од утре да одат во 14 дневен карантин, објави NEWS1.AL.
Оваа одлука ќе трае до 3 ми мај, а дали истата ќе биде продолжена останува да видиме.
Ова значи дека македонските граѓани за престојните празници нема да можат да одмараат во соседна Албанија.
Инаку изминатиов период поготово за време на викенди, македонските државјани го користеа а за прошетка во соседна Албанија.
Во Албанија во моментов се спроведува масовна вакцинација. Албанскиот премиер Еди Рама информираше дека денеска во Албанија ќе пристигнат нови 208 илјади дози на вакцини.
Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави денеска дека сите граѓани кои примиле вакцина против коронавирус на руски и кинески производители, ќе добијат потврда за вакцинација.
Таа рече дека, и покрај фактот што ЕУ сè уште не ги одобрила вакцините, граѓаните нема да трпат последици поради тоа, пренесува порталот „Егзит“.
Според неа, дури и ако се воведат т.н. ковид-пасоши, граѓаните кои примиле руска или кинеска вакцина нема да бидат дискриминирани.
Comments are closed for this post.