Поради СДСМ граѓаните и стопанството два месеци беа оставени сами на себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Задоцнета помош не е помош.
СДСМ уште еднаш го покажа своето лицемерие пред јавноста.
Поради Заев и власта, граѓаните и стопанството два месеци беа оставени сами на себе. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати апелираше петтиот пакет на мерки да се изгласа што е можно поскоро, но очигледно Заев и власта пред се се грижеа за своите криминали отколку за граѓаните кои не земале плата два месеци.
Талат Џафери и владејачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар.
Ако власта беше чесна и искрена мерките ќе беа изгласани во четвртокот, но Заев го интересира само ситна политичка корист, а не граѓаните и државата, стои во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.