Гигантскиот товарен брод „Ever Given“, кој од минатиот вторник го блокираше Суецкиот Канал, е ослободен од спасувачките екипи.
„Ever Given“ е успешно вратен во соодветна положба изутринава во 04.30 часот и моментно е безбеден – објавија од компанијата за поморски услуги „Inchcape.
Сепак, иако спасувачките екипи успеале да го ослободат бродот, се уште не е познато кога Суецкиот Канал ќе биде отворен за сообраќај.
Бродот на компанијата „Japans Shoei Kisen“, кој пловеше под знамето на Панама, се заглави минатата недела дијагонално преку јужниот дел на Суецкиот Канал, поради што целосно беше блокиран сообраќајот во еден од најфреквентните водни патишта во светот.
Големиот товарен брод со должина од 400 метри и широчина 59 метри, по ненадејниот налет на песочен ветер кој го наруши неговиот курс, се насука дијагонално во Каналот, на место широко помалку од 300 метри.
Најмалку 369 пловни објекти чекаат транзит низ Каналот, вклучително и десетици бродови за превоз на контејнери, танкери за нафта и бродови кои носат течен природен гас (ЛНГ) и течен нафтен гас (ЛПГ).
Штетата која е причинета со блокирањето на бродот се проценува на милијарди долари.
Comments are closed for this post.