Најголемиот шамар на ова што се случува за Филипче и Заев е од самите доктори. Бидејќи информациите кои што се од јавноста дали е тоа за имање на доволен капацитети односно кревети за сместување, дали е во однос на Протоколот кој што треба да се почитува, а не се почитува, дали е во однос на тоа на заштитни материјали за самите здравствени работници, дали е тоа во однос на кислородна поддршка која што ја немаме за жал, буквално во секој сегмент власта потфрли“, рече Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во утринска програма на Алфа телевизија.
Јанушев додаде дека во Грција на пример сите приватни лекарски капацитети се ставени во функција со цел да им се помогне на граѓаните да се заштитат од КОВИД-19.
Дури најочекуваното со СДСМ и Заев е најнеочекувано, впрочем што да се очекува од луѓе кои што во текот на неколку часа менуваат мислења и секогаш настапуваат во однос на тоа водејќи се исклучиво од личните интереси и единствената водилка во животот им е да останат на позициите кои што некако успеале да ги стекнат без притоа да им е гајле за што се случува во државата, а притоа истовремено не заборавајќи секој втор збор да им биде транспарентност и демократија. Веројатно живеат по таа девиза дека 100 пати повторена лага ќе стане вистина. Но, тоа може да успева само на краток рок, четири цели години се на власт, јас многу пати во јавноста сум го коментирал тоа дека потценувањето на сопствениот народ и потценувањето на гласачите, порано или подоцна се се враќа како бумеранг, а во оваа ситуација сметам дека кога ќе се врати и те како катастрофално за нив“, појасни Јанушев.
Comments are closed for this post.