Заев оствари средба со Меркел, Заев доби поддршка од Курц, Заев ја препозна европската иднина на земјатаСе сеќавате на овие изјави на лидерите на ЕУ во пресрет на референдумот за промена на името во 2018 година?

Тогаш нагости  ни беа германската канцеларка Mерлек, премиерката на Британија Тереза Меј, а се виде и со францускиот претседател Емауел Макрон.

Сите тие има само едно барање од Заев промена на името и успешен референдум. Референдумот и покрај големата помош што ја доби Заев не успеа, но името беше сменето.

Три години подоцна сосема различна слика

Од 2018 година до сега во Македонија се случија безброј афери и корупциски скандали па европските лидери бегаат од Заев како ѓавол од крст. Откако целта на ЕУ и на НАТО беше исполнета лидерите немаат никаква цел да се среќаваат со Заев.

Од избивањето на аферата „Рекет“ во август 2019 година Заев бил во офцијална посета само во Чешка кај премиерот Бабиш и минатата недела во Луксембург.Се друго се неофицијални средби „на поминување“ на самити и конференции.

Исто така црвениот тепих пред владата одамна не е распослан бидејќи ниту еден лидер не сака да дојде во Скопје на средба со Заев.

Дека европските челници дискретно се дистанцираат од Заев покажува и тоа што новиот мандат на чело на СДСМ му го честита единствено „братот“ Борисов и никој друг.