Ако зборуваме за квалитетот на изборните решенија во Република Македонија јас ќе кажам дека ние имаме квалитетни законски решенија дел од нив имаат слабости, можат да бидат подобри и секаде можат да бидат подобри, проблемот е во имплементацијата, а тоа ни се јавува и овој пат со имплементацијата во изборниот законик, ова денеска во гостувањето на телевизија Алфа го истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

На 16 февруари 2020 година изборниот законик е објавен во службен весник на Македонија, од тогаш до денес се поминати една година и еден месец, никој не подготви услови во овој период за имплементација за тоа што го има во изборниот законик. Во него е предвидено од првите избори без разлика дали биле вонредни или редовни, локални, претседателски, парламентарни, по парламентарните избори во 2020 година задолжително да се користи начелото односно отисокот со прст, нити во буџетот беше предвидено средства за набавка, нити кога се праќаа барања некој одговори на тие барања и до ден денес се влечеме за тоа, зошто поради тоа што во членот 43 од изборниот законик е наведено дека МВР до ДИК ги доставува неопходните податоци и фотографии од граѓаните и сега некој паметен таму вели тука не пишува отисоци од прст, вели Јанушев.

Тој додава дека се надева дека се многу блиску до договор со власта и дека дури и овие денови можеби изборниот законик ќе влезе во собранието по брза постапка и ДИК да започне набавка на овие уреди.