Владата секогаш се раководи од препораките на Комисијата за заштита од заразни болести, рече владиниот портпарол, Душко Арсовски запрашан дали владата може да донесе одлука за одложување на пописот поради зголемениот број на заболени од Ковид-19, без препорака на Комисијата за заразни болести.
Владата секогаш ги разгледува и се води од препораките на Комисијата за заразни болести. Таа препорака оди на Главниот координативен кризен штаб, заклучоците одат на седница на Влада. Тоа е редоследот“, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.