Судењето за случајот Меѓународен Сојуз покажа дека највисоките партиски функционери од СДСМ, почнувајќи од Заев,  биле дел од шемата за изнуда на пари од бизнисмени за наводна изградба на старечки домови. Ваквите пари биле користени и за финансирање на телевизија преку маркетинг услуги, истата телевизија за која во аудио-материјалите самииот Заев кажуваше дека му помагале да обезбеди пари токму преку маркетинг, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е само потврда на целата мрежа на рекетирање на пари кои потоа со Луј Витон чанти заминувале во правец кај главата на рекетарскиот октопод. Зоран Заев е капо ди тути капи и без негово знаење и одобрување ништо не било направено. Впрочем и самиот обвинет Јовановски јасно и гласно кажа дека рекетираните пари во Македонија завршувале кај Зоран и Вице Заеви. Патем скандалот да биде поголем од рочиштето уште еднаш се потврди селективноста на правосудниот систем, односно во обвинението не се опфатени лица како синот на поранешната обвинителка Катица Јанева, чиј потпис стоел на проектите преку кои се изнудувале парите. Тоа само покажува дека апсолутистот во државата Зоран заев влијае врз судството, обвинителството, кому ќе му биде поднесено обвинение, а кому не, велат од партијата.

Од таму додаваат дека заклучокот е јасен. Заев е тој кој стои зад рекетот и се додека е на власт овие правосудни органи кои му се ставени во скут, никогаш нема да го осудат. Но и Заев и јавноста знае дека правдата порано или подоцна ќе го стаса и ќе одговара.