Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакнува дека најголем приоритет на национално, европско, но и глобално ниво е вакцинацијата на населението, а со цел враќање на животот во нормала.
Курц синоќа во својот говор на доделувањето на „Аксел Шпрингер“ наградата истакнал дека само ако се случи голем дел од населението да се вакцинира до лето ќе биде можна нормализација до летото.
-Сите знаеме дека оваа пандемија до лето нема да помине, нагласи Курц додавајќи дека ризикот од новите мутации е реален и дека е извесно дека вакцините мора да се прилагодат.
Курц укажа дека историјата на човештвото е историја на напредок.
-На почетокот на 2020 малкумина од нас можеа да предвидат колкава глобална криза ќе предизвика коронавирусот, нагласи Курц.
Comments are closed for this post.