Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска соопшти дека земјата би можела да започне со првата фаза од ублажување на ограничувањето на мерките против Ковид-19 откако ќе се вакцинираат уште милион граѓани.

-Постои добра шанса ова лето да бидеме без епидемиолошки ограничувања, истакна Орбан.

Ројтерс пренесува дека Орбан порачал дека целта е што поголем број имунизирани лица да ја покренат економијата на земјата која минатата година забележала над од 5,1 процент и дека досега се вакцинирани околу 1,5 милиони Унгарци.

Тој повторил дека ја поддржува употребата на кинеската и руската вакцина против Ковид-19, што Унгарија го направи како прва земја во Европската Унија.