Холандскиот министер за здравство најави дека земјата ќе продолжи да ја користи вакцината на АстраЗенека против Ковид-9 идната недела. Ваквата одлука доаѓа откако Европската агенција за лекови ЕМА по извршените проверки вчера соопшти дека вакцината од оваа компанија е безбедна.

Министерот Хуго де Јонг посочи дека вакцинацијата следната недела ќе продолжи со „полна пареа“.

И Португалија ќе ја укине привремената суспензија за употреба на оваа вакцина во понеделник.

Јужноевропската држава беше една од неколкуте кои ја суспендираше привремено употребата на вакцината на АстраЗенека по извештајот дека кај неколку лица дошло до згрутчување на крвта откако ја примиле вакцината.