Пановски: Граѓаните сами си платија за короната, затоа државата потрошила само 7 милиони евра

15.03.2021 / 10:51


Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека малата сума што ја платила државата за заштита од корнавирусот, неспоредбено многу помалку во однос на останатите земји-членки на ЕУ и земји-кандидати од Западен Балкан за добивање на помош од европскиот солидарен фонд, е поради тоа што разликата ја платиле граѓаните од сопствениот џеб.

Македонија во рок од првите четири месеци од пандемијата требаше да потроши минимум 30 милиони 852 илјади евра согласно проекцијата на ЕУ за да добие 771 илјада и 300 евра од Фондот за солидарност на Унијата. Но фрапираше податокот од Секретаријатот за европски прашања предводен од Никола Димитров дека државата потрошила само нешто повеќе од 7 милиони евра.

Граѓаните ќе беа поштедени од плаќање, а сигурен сум дека имапе поголема потреба од овие 200.000 тестирања. Ќе беше рамномерно тестирањето, а тогаш се тестираа тие само што имаа средства. Побогатите општини имаа повеќе заболени и се правеше лажна слика, вели професорот за Сител.

Пановски вели дека и натаму се плаќа висока сума од приватен џеб за D-димери, а во приватните клиники лекувањето е и до 20.000 евра, додека домашното лекување понекогаш чини 500 евра.

Од досегашните тестирања, 250.000 граѓаните сами си ги платиле, а изразено во сума тоа е 10 милиони евра.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски од Тетово: Венко и Али се последниот бастион на криминалот и корупцијата во Македонија

пред 8 часа
Македонија

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру од Струмица!

пред 9 часа
Македонија

Мицкоски: На овие избори имаме две опции, секој кој мисли дека има трета – се лаже

пред 11 часа
Македонија

Мицкоски: Ахмети имаше повеќе од две децении можност да направи нешто за граѓаните

пред 11 часа
Македонија

Mицкоски најави: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство

пред 1 ден
Интервју со Марина Попоска Вишинска, кандидат за советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ

Моја прва обврска е да го слушам гласот на граѓаните – не само во предизборие, туку секој ден

пред 2 дена
Македонија

Филипче: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е тотално безидејна, „бугарските куфери со пари“ се само уште еден од нивните спинови

пред 2 дена
Македонија

Николоски: Ќе мора да внимаваме Заев со неговите изјави да не ни ја повлече државата со себе во провалија

пред 2 дена
Македонија

Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски oдлучен: Македонија ќе победи!

пред 4 дена