ВМРО-ДПМНЕ: Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие, со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град

05.03.2021 / 12:11


Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по убиството што ноќеска се случи во скопската населба Топанско Поле. Велат, со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град.

Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие. Двократното убиство од утринава само го потврдува тоа. Двајца луѓе се буквално изрешетани со калашников, а полицијата не само што ги нема фатено, туку и не знае за убијците. Убиството од утрово е по ист рецепт како убиството на „Рузвелтова“, кога исто така беа убиени двајца луѓе од друго возило во движење. И тој случај, како и овој од утрово е нерасчистен. Спасовски не ги знае убијците и тие се на слобода, и можат да го повторат делото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека во последните 4 години додека е Спасовски министер, ова е едно од десетина убиства, за кои не се знае ништо, а убијците се на слобода.

Спасовски да каже како може некој да поседува калашников, а полицијата затоа да не знае. Дали граѓаните се безбедни и како тој тоа го гарантира, кога секој криминалец почна во кола да носи калашников?

Спасовски и политичкиот дел од полицијата станаа главни заштитници на криминалот. Нема друг одговор освен сојуз помеѓу мафијата и Спасовски.

Спасовски свесно ги дозволува мафијашките дивеења. Додека мафијата дивее, народот е уплашен.

Спасовски и сите заштитници на криминалот треба да знаат дека следува одговорност и дека за ваквото не делување и непостапување ќе одговараат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Али Ахмети го откри планот за поделба на Македонија: Зајас ќе бил под Албанија, но не и Скопје, Куманово, Прилеп и Кичево (ВИДЕО)

пред 20 часа
Македонија

Го препознавате ли овој талог? Беш амбасадор на „диво“ и член на управен одбор на болница што не постои

пред 21 час
Македонија

Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

пред 21 час
Македонија

Водата во Гоствар е безбедна за пиење

пред 24 часа
Македонија Спорт

Шкотска прослава среде Скопје (ВИДЕО)

пред 1 ден
Македонија

Поднесено обвинение: Груби и Прпарим сепак ќе одговараат

пред 2 дена
Македонија

Каде е Венко Филипче?

пред 2 дена
Македонија

Од затворски казни до прекршочни глоба – што може да им следува за креаторите на паника за скопската вода

пред 2 дена
Македонија

Поради вакви како Груби и oбвинителот Даниел од слобода ни се смеат и ликови како Заев и брат му Вице

пред 2 дена
Македонија

Ѓорѓиевски се напи чаша вода од скопскиот водовод (ФОТО)

пред 3 дена
Jojobet GirişgrandpashabetgrandpashabetjojobetjojobetholiganbetholiganbetJojobetjojobetgrandpashabetmeritbetcasibomiptv satın albetcioGrandpashabetAnkara escortAnkara escortgrandpashabetbankobet girişEscortes BelgiqueHoliganbetGrandpashabetGrandpashabetJojobetholiganbetcasibom