„Дефинитивно недоволниот капацитет на продукција и на фајзеровите и на сите други вакцини во светот е причината за доцнењето на вакцините кај нас. Верувам дека се навистина денови во прашање. Нашата земја има преземено сѐ што е неопходно за да може час поскоро да набавиме вакцини”, рече премиерот Зоран Заев при денешниот увид на изградба на детска градинка и центар за деца од улица во Шуто Оризари.
Како земја која не е членка на Европската Унија презедовме активности за склучување на договори, потоа со анекс на договорите, па и со уплата на аванси, во поглед на сите производители на вакцини. Се работи и на договарање за вакцините на Астра Зенека, рече Заев.
Со преземените чекори отидовме и на црвената линија во поглед на количините, па и преку тоа. Последната нарачка е за сто илјади вакцини на Спутник, 200 и 200 илјади вакцини од Кина, 800 илјади вакцини преку ковакс-механизмот, потоа директно склучениот договор за 833 илјади од Фајзер, потоа договорите кои што ги имаме со ЕУ за Западен Балкан… Кога ќе ги правите пресметките поминуваме преку два милиони вакцини, а проценките нѝ беа милион. Значи сме направиле сѐ што требаше да направиме”, нагласи премиерот.
Според Заев, од Фајзер најавиле дека прво вакцини ќе добие Албанија, потоа Македонија, па Црна Гора, Косово и БиХ.
„Видовме дека во Албанија стигнаа вакцините, овие денови очекуваме првите пратки од директниот договор со Фајзер да стигнат кај нас”, изјави Заев.
Comments are closed for this post.