Во Финска од почетокот на пандемијата се пријавени 58 064 случаи на ковид-19 и 742 смртни случаи, додека 210 лица во моментов се хоспитализирани

Финската влада денеска прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на случаите со ковид-19, чекор што ќе ѝ овозможи на оваа нордиска земја да затвори ресторани и да воведе други мерки за запирање на пандемијата.

Одлуката е донесена бидејќи е проценето дека новите варијанти на вирусот придонеле за раст на бројот на заразени во земјата, која веќе ги затвори своите граници. Вонредната состојба, исто така, ќе ѝ овозможи на Владата да ги затвори училиштата и да го ограничи движењето меѓу регионите.

Премиерката Сана Марин на прес-конференција рече дека Владата смета дека се потребни помалку контакти.

Неколку фински региони забележаа брз пораст на случаи на коронавирус во последните две недели, особено кај скијачите во Лапланд и работниците на бродоградилиштата и градилиштата.

Финска е една од европските земји најмалку погодена од коронавирусот.

Во Финска од почетокот на пандемијата се пријавени 58 064 случаи на ковид-19 и 742 смртни случаи, додека 210 лица во моментов се хоспитализирани.