Претседателот на Србија Александар Вучиќ го дочека контингентот руски вакцини против корона вирусот.
Многу луѓе мораме да ревакцинираме, му благодарам на претседателот Владимир Путин, изјавил српскиот претседател Вучиќ на дочекот на вакцините Спутник V.
Вакцините веднаш по пристигнувањето биле транспортирани до Институтот „Торлак“ во Белград од каде потоа ќе бидат дистрибуирани во центрите за вакцинирање низ Србија.
Денеска во Србија треба да бидат испорачани и 58 000 дози на вакцината Фајзер , а во петок уште половина милион кинески вакцини.
Comments are closed for this post.