Вкупно 50 милиони денари поддршка за сите 120 радија и телевизии во земјава кои имаат концесии за емитување програма, се предвидени со петтиот пакет мерки, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Радиодифузерите, како што објасни Заев, годинава ќе бидат ослободени од давачката за концесија.
Водевме грижа за еднаквоста и рамноправноста. Терестријалниот предавател што го плаќаат околу 100.000 евра петте национални телевизии, вкупната вредност е 33,5 или 35 милиони денари, е сложен, комплексен пакет кој го градиме со заедничко договорање, во разговори со локалните, регионалните, националните медиуми, кабелските телевизии, со Здружението на новинари и асоцијациите на медиумите и на новинарите, за да добијат помош оние кои не добиле помош. Ќе имаме избалансираност. Сите кои ја имаат обврската кон АВМУ, државата да нема директен контакт или исплата на медиумите, ќе си плати на АВМУ, а АВМУ ќе ја замолиме како регулатор и оваа година, како лани, да ги ослободи радиодифузерите, објасни Заев.
Новинарите и медиумите, потенцира премиерот, се директно изложени на ризик од корона пандемијата.
Трпите и директно зашто знаеме дека компаниите кога кратат, прво ги кратат маркетинг трошоците и знам дека е тешко да се преживее целиот овој период. Да оставиме овие денови разговорите да продолжат, верувам дека на тој начин медиумите ќе добијат соодветен приход повеќе зашто локалните и регионалните им плаќаат на кабелските оператори, не на А1 како терестријален додаток. Водевме грижа тоа рамноправно да се однесува на сите, подвлече Заев.
Comments are closed for this post.