Љупчо Николовски не е аналитичар или експерт од некоја област, па само да ја коментира корупцијата. Љупчо Николовски е вицепремиер, но како да не е. Нелогично е што Љупчо Николовски со Македонија со 111 место во светот по корупција е се уште министер, а тоа што сликар ќе го оправа здравството е криминал. Николовски наместо да дели коментари, треба да работи, но очигледно не смее, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Љупчо Николовски не смее да разреши или да побара оставка на ниту еден повисок функционер во власта. Николовски молчи и го толерира Марин, иако ЗНМ кажа дека преку огласот за награда на прилог на новинар кој ќе промовира проект на општината тој прави корупција. Николовски не само што не смее да го разреши, туку и огласот уште стои на страната на општина Аеродром, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека позицијата на Николовски е измислена само за истиот од некаде да зема плата и да може да ги врши партиските задачи и дека Љупчо Николовски не презема ниту една иницијатива против криминалот поради кој сме рангирани на 111 место на листата на Транспаренси.
За само неколку месеци имаме криминал во ШИК Јелак и со Еуростандард банка од 400 милиони евра, а одговорност нема од никого. Николовски не може да разреши локален функционер како Марин, а не пак да побара одговорност за Заев кој лично беше посочен од Бојан Јовановски – Боки 13, дека парите од аферата ” Рекет ” завршиле кај него. Николовски нема капацитет, ниту кредибилитет да се бори против корупцијата, тој само седи на фотелја на измислена функција и зема плата, посочуваа од партијата.
Comments are closed for this post.