Министерството за здравство информираше дека од утре, во мобуларната болница на КИБФС во Скопје, ќе стартува вакцинацијата против Ковид-19. Најпрво ќе бидат вакцинирани здравствените работници од Инфективната клиника, со донираните вакцини од Србија.

Ве известуваме дека на 17.02.2021 година (среда), во модуларната болница на КИБФС во Скопје, ќе започне вакцинација на здравствените работници кои работат во ковид центрите, соопштија од Министерството за здравство.

Како што најавија властите, поголема доза на вакцини се очекува кон крајот на месецов, со што ќе бидат вакцинирани најпрво останатите медицински работници кои работат со ковид пациенти.