Синдикат на полиција на Македонија: Помошник на министерот во одделот за финансии ја злоупотребил својата службена положба и сторил кривично дело

16.02.2021 / 10:59


Синдикатот на полиција на Македонија преку статус на Фејсбук вели дека законска обврска на сите е да пријават незаконско и непрофесионално однесување на висок функционер во Министерството за внатрешни работи.

Како Синдикат имаме ЗАКОНСКА ОБВРСКА да пријавиме незаконско и непрофесионално однесување на ВИСОК функционер во Министерството за внатрешни работи‼️
Со правниот адвокатски тим на СПМ како и по одржани консултации на неколку Јавни обвинители, УТВРДЕНО е дека во конкретниот случај со директно несопирање на членарина на Синдикат на Полиција во Македонија, Помошник на Министерот во Одделот за финансиски прашања БОБАН АТАНАСОВСКИ, свесно со злоупотреба на својата службена положба и непочитувајќи ги законите сторува кривично дело по член 353 од Кривичниот законик.
Штетата постои како таква а таа е веќе “поголема”, преостанува само да се зголемува во наредниот период.
Ја повикуваме Внатрешната контрола во МВР по овој допрен глас да го испита случајот, да се “надмине” себеси и правилно да ја утврди фактичката состојба.
На почитуваниот помошник на Министерот му посакуваме повеќе да не биде “слеп” послушник на неговиот шеф и веќе од наредниот месец да ја исправи грешката што сам континуирано ја прави а со тоа ние како Синдикат му ветуваме дека нема да преземаме никакво гонење. Ако и после тоа “почитуваниот” помошник на Министер продолжи само да ни ги враќа пристапниците не процесуирајќи ги, од тука јавно упатуваме порака дека враќање назад НЕМА ДА ИМА и како Синдикат ќе одиме до крај во кривичната постапка. Се уште има време на разум од Ваша страна.
Сепак зошто да бидете одговорни за нешто кое Вие не сте го наредиле?
ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА
Податоците се преземени од : https://mvr.gov.mk/profilepage/sektor-za-finansii, стои во нивниот пост на Фејсбук.

🗣️ Како Синдикат имаме ЗАКОНСКА ОБВРСКА да пријавиме незаконско и непрофесионално однесување на ВИСОК функционер во…

Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Tuesday, February 16, 2021

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера, јас ќе ви одговорам, ве снајде народ

пред 1 час
Македонија

ПАСОК на Бихаќа: Ни во најдобрите времиња на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ никогаш не бил под 200.000 гласови

пред 6 часа
Интервју со носителот во втората изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Многу сме блиску до 61 пратеник

пред 14 часа
Македонија

Речиси сто посто пребројани гласови: Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Пендаровски 180.306 (19,93%)

пред 14 часа
Македонија

Ново видео од синоќешната прослава

пред 15 часа
Македонија

Разлика од 175.000 гласови:347.295 гласови Силјановска,172.286 Пендаровски

пред 21 час
Македонија

Силјановска Давкова: Во вториот круг очекувам поддршка од сите, особено од оние во опозицијата

пред 22 часа
Македонија

Бујар и Таравари заедно освоија околу 190.000 гласови

пред 22 часа
Македонија

Стевче собра повеќе потписи од гласови

пред 22 часа
Македонија

Големо славје пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО/ВИДЕО)

пред 22 часа