Со транспарент „И ние сме здравство и работиме во Ковид болница“ вработените во администрацијата и техничкиот персонал во ГОБ „8. Септември“ излегоа на протест.
Бараат да им се исплати еднократната помош од 30.000 денари. Станува збор за 195 вработени, дел од нив работат без продолжен договор, а 150 лица немаат решение за работа веќе 6 години.
Comments are closed for this post.