Утрово три умерени земјотреси во период од 5:46 часот до 6:00 часот, се случија на западниот брег на Турција, во близина на градот Измир.
Првиот земјотрес бил во 5:46 часот со јачина од 4,8 степени, на длабочина од 10 километри.
Најмногу се почувствувал вториот земјотрес кој бил минута подоцна, на длабочина од 1 километар, со ист интензитет од 4,8 степени.
Третиот земјторес бил во 6:00 часот, со јачина од 4,8 степени и на длабочина од 16 километри.
Comments are closed for this post.