Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека утрово во Србија пристигнале уште 10.000 вакцини против коронавирус, додавајќи дека борбата за вакцините продолжува и дека светот денес е како Титаник, каде што „богатите се обидуваат се да обезбедат чамци само за себе”.
Сакам да ве известам дека примивме уште 10.000 нови вакцини утрово, рече Вучиќ во видео објавата на својот Инстаграм профил.Тој изјави дека борбата за секоја вакцина продолжува, со многу состаноци и тешки разговори.
Ние сме жилав народ, ќе се бориме за опстанок, ќе се бориме за животот на Србија и ќе успееме во тоа. Ќе успееме и ќе победиме заедно“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија не прецизираше за кои вакцини станува збор, ниту од каде се набавени.
Comments are closed for this post.