Зоран Заев наместо да се фати за работа, оди по соседството и се моли за вакцини. Вакцини не доби од Грција, не доби ниту од Бугарија, а вакцината која како милостиња му ја даде Вучиќ уште не е стигната ниту во Србија, а Заев побрза да се пофали дека измолил вакцини кои друг ги договорил, нарачал и платил, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Да го послушаше Заев ВМРО-ДПМНЕ, требаше да стапи во контакт со светските производители уште при крајот на претходната година, кога тоа го правеа сите земји од регионот и светот. Но тогаш Заев се надеваше на донации, и наместо да се фати за работа тргна да моли.

Вакцини сега пристигнуваат секаде, само нема во Македонија.
Регионот забрзано се вакцинира, а Заев ги лиши нашите граѓани од правото да се вакцинираат.
Бараме веднаш да запре со циркусот и да се фати за работа. Доколку не може да изпреговара за вакцини нека побара помош, чесно е да каже дека е неспособен.
Народот умира по болнички ходници, додека се чека вакцина. Ситуацијата бара сериозност, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Да не се заборави, потсетува и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

#ДаНеСеЗаборави

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, January 19, 2021