Целосна забрана за градба, отстранување на објектите кое сега функционираат како плажи и ослободување на брегот, уривање на сите дивоградби, па дури и забрана за поставување на нови и отстранување на постојните сончеви колектори на крововите од куќите во Стар Град се само мал дел од она што стои т.н. драфт верзија на извештајот направен од реактивната мисија на УНЕСКО за Охрид, а до кој дојде „News1.mk“.
Македонската страна има рок до 15 јануари да испрати одговор со забелешки на содржината на извештајот кој според она што е напишано веројатно ќе ги внесе градовите Охрид и Струга во подолгогодишна акција во која ќе мора да се направат болни и тешки активности со кои ќе се расчистува со насобраните проблеми низ децениите наназад.
ШТО СЕ ИМА ВО ИЗВЕШТАЈОТ ? !
ОД ДИВОГРАДБИ И УЗУРПАЦИЈА НА ЦЕЛИОТ БРЕГ, ДО ТЕНДИТЕ ОКОЛУ ЦРКВАТА СВЕТА СОФИЈА
Плажи узурпирани со угоститески објекти, дивоизградени куќи или други објекти на целиот брег од заштитеното езеро, голем дел од нив без канализација и на септички јами, села неприклучени на колекторскиот систем, дивоградби во Охрид, барање да се ограничи издавањето на дозволи за градба согласно планот за управување, па дури и отстранување и забрана на поставување на нови сончеви колектори на крововите од куќите во Стар Град ( бидејќи некој тврдел дека со тоа се нарушува визурата на Охрид ).
Во извештајот стои и дека во Стар Град неможе да се поставуваат тенди, натстрешници и останати реквизити со кои се нарушуваат визурите околу знаменитите објекти од културно историското налседство, а во него се посочуваат тендите на летните тераси околу црквата Света Софија.
СЕ БАРА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТЕКАТА КАЈ СТУДЕНЧИШТА
Во извештајот на УНЕСКО стои дека пешачко рекреативната патека која го поврзува каналот „Студенчишта“ со „Горица 1“ ги прекинала природните врски меѓу езерото и блатото и треба да се реконструира и да се постават „водени врски“ меѓу езерото и „Студенчишко Блато“ заради заштита на живиот свет.
Интересно е да се напомене дека оваа патека е реконструирана и на тоа место и претходно имаше асфалтиран пат кој ги поврзуваше овие две дестинации, но овој пат не се нашол во извештајот на УНЕСКО при реактивната мисија од 2004 година.
Забелешки се изнесени и на пешачката патека покрај самиот канал „Студенчишта“ која води до „Билјанини Извори“ , а за која УНЕСКО во извештајот оценил дека го нарушила животниот простор на живиот свет во каналот.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.