Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ со години наназад од октомври до март  не е место за работа на културните работници, а публиката во него да ужива во настаните. Кровот протекува, при поголеми дрнежи од дожд подрумот се полни со фекалии, столчињата за публиката крцкаат. Директорката, Кате Мишева вели дека досега во него скромно е инвестирано, а поголеми средства за реконструкција немаат добиено и над една деценија.

Сметката за струја се направила поради греењето на салата само три дена во декември за концертот на Музичкото училиште, од причина што овој објект нема парно греење. Радијаторите одамна исчезнале, крадците никој не ги откри. Културните работници кои работат во него велат дека е жално да пропаѓа објектот, кој уште во 80 тите години од минатиот век е со две сцени, а овде е и спомен собата на поетот Ацо Шопов.

Славни актери, пејачи, ликовни уметници, ансамбли настапувале на оваа сцена, пред неколку години и маестро Симон Трпчевски побара аплуз за културните работници, кои работат во вакви услови во овој објект. Центарот за култура „Ацо Шопов“ и годинава не се најде на листата за  санација, но раководството се надева дека конечно централната и локалната власт ќе ги свртат погледите кон овој објект.

извор: Телма.мк