Министерот за надворешни работи Бујар Османи има големи очекувања и од португалското претседавање со Советот на ЕУ кога е во прашање усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија.
Во првичните контакти што ги имале со португалското претседателство била искажана сериозна намера да се продолжи процесот за проширување што остана од германското претседавање со Унијата.
Османи најави дека денеска попладне ќе има кординација со цел утврдување на нов календар на активности во рамки на новите околности, бидејќи, како што рече досегашната динамика била утврдена како за успешен завршеток во рамки на германското претседателство.
Comments are closed for this post.