Стоилковски: Пожарот во „Глобал“ отвора прашања поврзани и со неговата градба и со актуелното стопанисување

04.01.2021 / 14:54


Несреќата со пожарот во центарот на Струмица не може да помине само со искажани зборови за жалење, туку мора да се понесе одговорност, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, додавајќи дека пожарот во „Глобал“ отвора прашања поврзани и со неговата градба и со актуелното стопанисување, а одговорите водат кон тоа дали станува збор за корупција или за несовесно работење.

Прво, како е возможно објект со кој што стопанисува ЈП Комуналец Струмица, да нема исправни хидранти, односно дали е точно и дали е возможно тие да се несоодветни и да се нестандардни за употреба при пожар?
Второ, ако законски сите правни субјекти се должни еднаш годишно да ги баждарат, да ги проверуваат Противпожарните апарати, како е возможно и кој треба да ја понесе одговорноста за тоа што во објектот се вградени несоодветни хидранти, дали и кога тие се проверени?
Трето, кој ќе понесе одговорност бидејќи ваков пожар можело да се случи во работен ден, при полн јавен објект, трговски центар и да има и човечки жртви, само затоа што ПП систем не функционира, односно е некомпатибилен со пожарникарските црева?, прашува Стоилковски.

Доколку и не се работеше за ТЦ легализирана дивоградба, што всушност и е ТЦ Глобал, туку за Реконструкција и надградба на градското пазариште, за што и имал документи за тоа, повторно се отвораат прашања за тоа како е граден објектот, додава тој.

Кој одобрил и врз која проектна документација е одобрена градбата на градското пазариште, која што за тоа мора да има документација за сите фази – од статика, машинство, до ПП заштита?;
Потоа, кој вршел надзор на градбата и дали има пропусти при надзорот поврзани со безбедноста при пожар во објектот?
За на крај кој издал одобрение за употреба на објектот „реконструкција и надградба на градското пазариште“?
Односно, дали е свесно или несовесно работење, односно изграден и предаден во употреба јавен објект кој што е небезбеден во случај на пожар, вели Стоилковски.

Потенцира дека одговори на овие прашања мора да даде лично Зоран Заев, со чиј што договор за градба од 2006 година со бизнис партнер на Заев, е почната градбата на овој трговски центар, со дозвола за реконструкција и надградба на градското пазариште, а потоа е и предаден во употреба.

За потсетување, ТЦ Глобал е најголемата легализирана дивоградба во Македонија, градена како Јавно-приватно партнерство меѓу Заев градоначалникот и партнер на Заев бизнисменот. За случајот Глобал во 2008 година беше покренато обвинение за Зоран Заев и петмина негови соработници, од главниот архитект, преку изведувачот, до надзорот на градбата на објектот, за криминал тежок осум милиони евра, што остана нерешен по аболицијата со печат на претседателот на државата.
Објектот е завршен и отворен во 2008 година, а е легализиран во 2014 година со потпис на Заев, со законот за легализација на дивоградби. При легализација на дивоградби, не се бара проектна документација, што подразбира проекти за статика или за ПП мрежа, туку само геодетски елаборат и платени сметки за струја и за вода.
Почитувани, одговорите на сите овие прашања ги знаеме и во следниот период ќе ги објавиме, но оставаме време на власта да одговори, рече Стоилковски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Се отвори Беломорскиот клуб и читална (ФОТО)

пред 1 час
Македонија

Силјановска-Давкова: Осум прашања за граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите

пред 3 часа
Македонија

Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладaат и ДУИ

пред 3 часа
Македонија

Мицкоски со повик за национално единство до опозицијата: Да се избориме против хаосот кој го создава оваа власт

пред 17 часа
Македонија

Ристески: Покажавме и докажавме како може да се работи без поддршка на централната власт

пред 17 часа
Македонија

Ковачки: Со „Платформа 1198“ предвидуваме поврзување на Крива Паланка со Македонска Каменица со асфалт, пат Тораница – Саса во должина од 19 километри, време е Македонија да има Влада со проекти

пред 17 часа
Македонија

Мицкоски: Да ја вратиме државата на народот на 24 април, а потоа и 8 мај

пред 18 часа
Македонија

Бојан Јовановски: Заев е директно замешан во „Рекет“ барам случајот да се повтори,

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање на национално единство, тоа е неопходно затоа што државата е одземена од народот од неколку корумпирани функционери од ДУИ и СДСМ

пред 1 ден
Македонија

Втор ден кампања од парламентарните избори, продолжува и претседателската

пред 1 ден