Новонастаната ситуација во образованието која беше потикната од објавувањето на новиот Концепт за основно образование на министерката Мила Царовска предизвика реакции и од ние што директно ја пренесуваат историјата до учениците.
“Новиот концепт не принуди нас како историчари без разлика на вера и националност, заеднички да излеземе со своја реакција поради особено грубото девалвирање на предметот Историја.
Ние како историчари нема да стоиме настрана и сметаме дека се нанесува голема штета на образовниот процес и со укинувањето и девалвирањето на другите предмети. Но ние како историчари сме повиканите да зборуваме за предметот историја. Ние како историчари нема да правиме компромис околу тоа каква треба да биде судбината на предметот историја, бидејќи сметаме дека треба да биде посебен предмет”, се вели во реакцијата на група наставници по историја од Кратово, Кочани, Скопје, Валандово, Струмица.
Наставниците велат дека објаснувањето на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието дека со помош на мултидсциплинарност полесно ќе се совладаат наставните содржини е несоодветно.
“Ова покажува дека историчарите воопшто не биле консултирани кога се носел овој концепт. Доколку беа консултирани историчарите ќе се знаеше дека историјата како предмет си има своја методика на наставата. Методиката на наставата по историја пак предвидува нешто што се нарекува корелација со други предмети.
Наставниците по историја и досега го користеа предметот географија како корелација со цел подобро да се совладаат наставните процеси. Но не е само географијата како предмети за корелација се користат и предметите: македонски јазик, англиски јазик, филозофија, социологија, етика итн. Така на пример на часовите по историја може да се слушне и поезија, читање на извори на англиски јазик, филозофски мисли, социолошки истражување, етички норми и вредности итн.
Ние како историчари сакаме да посочиме дека историјата како посебна гранка можат професионално да ја работат само историчари бидејки затоа и се обучени. Со спојувањето на историјата со географијата и граѓанското образование се создава хибриден и вештачки предмет кој оневозможува квалитетна и професионална настава напротив сметаме дека тоа ќе создаде една конфузија која ќе оди пред се на штета на учениците”, велат историчарите според кои со ваквиот пристап учениците нема да можат добро и нормално да го запознаат своето културно и духовно наследство, нема да можат доволно да го разберат минатото на својот народ а со тоа се стремиме да создадеме дефектни генерации кои нема да имаат чувства за својата татковина.
„Освен ова на учениците ќе им биде скратена можноста доволно добро да согледаат како светот се менувал а со тоа се создаваат генерации кои нема да знаат како да ги ценат придобивките од минатото.
Од економски аспект сакаме да прашаме што ќе се случува со наставниците на кои ќе се намалат часовите бидејки според овој концепт има еден час помалку а со тоа ќе се создаде социјален проблем во државата. Кој ќе ги сноси последиците од овој чин”, прашуваат во реакцијата наставниците по историја од повеќе македонски градови!
Comments are closed for this post.