Технолошко индустриските развојни зони во Македонија ги нема на ранг листата во најновиот извештај на светски реномираниот ФДИ магазин.
Од економска зона број еден во Европа и најконкурентна за инвестирање, годинава Македонија, односно слободните зони воопшто не се влезени во конкуренција.
На прво место во светот е зоната во Обединети Арапски Емирати, додека на прво место во Европа е зоната Пирот која се наоѓа на југоисточниот дел на Србија.
На прашањето, зошто Македонија годинава ја нема во извештајот, првиот човек на ДТИРЗ Александар Младеновски вели дека не пратиле податоци и проспекти, затоа што немало што да се прикаже, но очекува дека наредната година , Македонија ќе биде во топ 5 на ранг листата.
Овие извештаи се праќаат при крај на годината за тековната година, а излегуваат следната година. Така што за годинешнава ранг листа извештаите се праќаат до крајот на 2017.
Одлука на маркетинг тимот беше да не се испрати извештајот за минатата година, затоа што поради политичката криза немаше што да се прикаже.
Од кога сум назначен до сега нешто повеке од година дена, имаме 16 нови инвестиции, и за оваа година извештајот ке биде прилично опширен, што значи наредната година очекуваме да бидеме рангирани во топ 5 слободни зони во светот., изјави Александар Младеновски , директор на ДТИРЗ
Во 2014 година, Македонија , односно ТИРЗ Скопје беше прогласена за економска зона број еден во Европа. Наградата ја доби во конкуренција од 45 економски зони во светот вклучувајќи и 17 од Блискиот Исток и Северна Африка. Зоните се рангирани во две категории според регионот каде работат и тоа: “Најдобри зони за големи корисници и Најдобри зони за МСП”.
Има неколку критериуми за избор, а тоа се – зголемување на бројот на компании кои инвестирале во зоните, раст на зоната и имплементација на нови стандарди кои и даваат конкурентна предност и извозот од зоните.
Исто така и зоните во Штип и Велес во минатото го заземаа првото односно второто место по критериумот ценовна ефективност во категоријата на микро градови во Европа. Зоната во Охрид е рангирана како број еден зона критериумот ценовна ефективност во категоријата на европски региони.
Инаку , Магазинот секоја година објавува ранг листи за најдобрите технолошко индустриски развојни зони во светот.
ФДИ магазинот, е дел специјализирано списание за странски инвестиции на Фајненшл тајмс, а мултинационалните компании кога носат одлука за инвестирање, се раководат токму од овој Извештајот.
На пример , зоната Пирот во Србија е прогласена за најдобра во европската зона за големи корисници. Нуди на инвеститорите финансиска поддршка по најголеми стандарди и секоја година бележи раст од 5 до 7 % ако се гледа вредноста на извозот, на реализираното производство и инвестиции. Бројот на инвеститори е зголемен за 22 % во периодот од 2016 до 2017 година, додека бројот на малите и средни претпријатија е зголемен за повеќе од 5%.
Comments are closed for this post.