САД го поканија рускиот претседател Владимир Путин да го посети Вашингтон, изјави Џон Болтон, советник на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност.

Поканата за таквата евентуална посета, Путин ќе ја добие и лично од американскиот претседаел, Доналд Трамп, идниот месец.

Трамп и Путин ќе се сретнат наскоро, во Париз, на 11 ноември, рече Болтон на прес-конференција во грузискиот главен град Тбилиси.