Во Хрватска, средните училишта во сите жупании и горните одделенија на основните училишта во четири жупании од денес ќе ја следат наставата преку интернет.
Меѓумурската, Вараждинската, Загрепската, Осиечко-Барањската, Вуковарско-Сремската и Пожешко-славонската жупанија веќе имаат часови според моделот Ц во средните училишта, а во нив ќе се приклучат и преостанатите жупании и Градот Загреб, пишува „Индекс“.
Кога станува збор за основните училишта, учениците од петто до осмо одделение веќе посетуваат настава преку интернет во Вараждинската Жупанија, а сега нивните врсници во Истарската, Меѓумурската и Приморско-горанската жупанија исто така ќе следат настава од дома.
Comments are closed for this post.