Холандската амбасада во Скопје вели дека се целосно неосновани и лажни вести известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
Оттаму на својот фејсбук профил потсетуваат дека „на 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија може да се одржи. Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се усвои преговарачката рамка“.
The reports in some media that the Netherlands supported Bulgaria in blocking the Negotiating Framework for the start of…
Posted by Embassy of the Netherlands in North Macedonia on Friday, December 4, 2020
Comments are closed for this post.