Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се врати на тренинзите откако доби негативен тест на Ковид-19.
Лазаров беше позитивен пред дуелот против Целје во Лигата на шампионите и мораше да оди во изолација. Откако ги помина задолжителните 14 дена во изолација сега може да се врати на тренинзите.
Покрај Лазаров Нант на располагање ќе го има и Адриа Фигуерас кој исто така доби позитивен тест пред тој дуел.
Следниот натпревар Нант во француското првенство го игра за викендот кога ќе му гостува на Данкерк.
Comments are closed for this post.