Илјадници војници придружувани од артилерија и тенкови продефилираа во Пјонгјанг денес во чест на 70-годишнината од формирањето на државата. Годинава без интерконтиненталните балистички ракети, кои на Северна Кореја и донесоа бројни меѓународни санкции, наместо спорните ракети во парадата вклучени балони и цвеќиња.


Медиумите пренесуваат дека тоа е така бидејќи севернокорејскиот лидер на состаноците со Доналд Трамп, јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и кинескиот претседател Чи Јинпинг наведе дека целта му е денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Сепак, севернокорејскиот лидер се пофали со пријателството со Кина, кревајќи ја раката на претставникот на претседателот Си Џинпинг во моментот кога ја поздравуваше толпата по парадата.

Народна Демократска Република Кореја, како што е официјалното име на земјата, беше прогласена на 9 септември 1948, три години откако Вашингтон и Москва го поделија полуостровот во последните денови на Втората светска војна.

Тема на овогодинешната прослава беше обединувањето на Корејскиот полуостров кој беше поделен од војната која траеше од 1950 до 1953 година.