ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на Костадин Костадинов од СДСМ.

Владата на Заев и СДСМ се исплашени од Христијан Мицкоски бидејќи со секој минат ден сфаќаат дека народот ја препознава принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и национални интереси.

СДСМ наместо да праќа бледи и неиздржани соопштенија, време е да почне да ја почитува волјата на граѓаните.

СДСМ не ја води државата кон ЕУ, СДСМ ја втурнува државата во криминал и корупција од невидени размери.

СДСМ не може да ја прикрие нивната криминогеност. За криминалот, корупцијата и распродажбата на државните интереси нема оправдување. СДСМ  мора да си замине од власт.