Како Влада ќе напраиме се што е можно да не бидеме заложници на историјата. Темните страници од балканската историја да не ни бидат судбина. Ако европските нации најдоа сила да простуваат, тоа треба да го правиме и ние, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, одговорајќи на новинарско прашање поврзано со спорот со Бугарија.
Треба да најдеме европски решенија. Ние како Влада покажавме дека сме подготвени на изнаоѓање компромиси, но кажуваме ‘не’ за предлозите кои се неприфатливи. Желбата на премиерот е да отвори повеќе врати за соработката меѓу Македонија и Бугарија. Да не дозволи тоа што се случувало пред 70 години да не ни биде единственото нешто за што ќе разговараме сега, во 21 век, рече Шеќеринска.
Таа ги повтори зборовите на премиерот дека фашизмот нема етничка боја и нагласи дека денес во односите на Македонија со Германија, или Германија и Франција, не доминира темата за фашистичкото минато од 40-тите години.
Comments are closed for this post.