Словенија ќе воведе нови построги мерки што ќе бидат во сила следните две недели со цел да се спречи зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот.
Една од мерките ќе биде привремено укинување на јавниот превоз, а сите продавници, освен оние што продаваат храна, ќе бидат затворени, пренесува агенцијата СТА.
Училиштата и градинките остануваат затворени. И сите собири, освен на членови од исто домаќинство, ќе бидат целосно забранети.
За венчавки ќе биде потребна дозвола од Министерството за труд.
Некои од тие мерки ќе стапат во сила утре, пред се онаа што забранува собири, а другите ќе бидат прогласени во сабота или понеделник.
Промени се воведуваат и на границите. Од 16 ноември сопствениците на имот во соседната земја повеќе нема да можат да влегуваат во Словенија без карантин, изјави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.
Исто така, веќе нема да може да се посетуваат членови на семејството на 72 часа надвор од Шенген зоната.
Comments are closed for this post.