Во БиХ една сестра се грижи за 20 пациенти.

Лекарската комора на Федерацијата БиХ ги предупреди денеска надлежните дека здравствениот систем во земјата е пред колапс.

Велат дека пациентите не добиваат адекватна нега, а една медицинска сестра се грижи за дури 20 пациенти заразени со коронавирус.

Комората бара од надлежните дополнително вработување на лекари, затоа што како што тврди, епидемиолошката ситуација е лоша, а лекарите кои работат во здравствените установи ги примаат, лекуваат и згрижуваат сите пациенти заразени со коронавирусот.

Нешто повеќе од 1.700 случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во БиХ, а 49 заболени лица починале во изминатите 24 часа.

Секаде е критично во регионот.