Премиерот Виктор Орбан ги повика Унгарците да ги почитуваат најновите мерки за заштита од коронавирусот откако парламентот изгласа продолжување на владините овластување за време на вонредни состојби за уште 90 дена во вторникот.
Ќе успееме заедно, ако се здружиме и ги почитуваме рестрикциите кои стапуваат на сила како одговор на пандемијата на коронавирусот , рече Орбан во видео објавено на „Фејсбук“. Премиерот во понеделникот рече дека владата воведува построги мерки во обид да го спречи ширењето на вирусот, бидејќи болниците нема да можат да се справат со товарот. Тој рече дека полицискиот час, кој претходно започнуваше на полноќ, ќе трае од 20 часот до 5 часот наутро, а работното време на продавниците и другите бизниси ќе биде ограничено. Универзитетите и средните училишта над осмо одделение ќе се вратат на онлајн настава, рестораните ќе се затворат и спортските настани ќе се одржуваат зад затворени врати, рече тој.
Comments are closed for this post.