Германската канцеларка Ангела Меркел која дигитално учествува на Самитот во Софија им порача на Заев и Борисов дека мора да се согласуваат кога се работи за европската иднина на регионот.
Берлинскиот процес секогаш е поврзан со помирувањето на недоразбирањата и наследствата од минатото и се надеваме дека и овој процес ќе помогне. Она што мора да го кажам е дека мора да се согласувате. Не заборавајте го тоа, затоа што е многу важно, порача Меркел на крајот.
Германската канцеларка се обрати на прес конференцијата по самитот во Софија и рече дека овој самит е тежок, но покажале дека може да се организира и во вакви услови. Ова ќе даде импулс како за народите во регионот така и за компаниите, рече Меркел поздравувајќи ја согласноста околу зелената агенда, т.е. економија без јаглен двооксид и одлуката да се формира регионален пазар.
Comments are closed for this post.