Просечната живеачка поскапела за близу 1000 денари годинава. Минималната кошничка во октомври чинела 33.704 денари, во јануари за истите стоки и услуги домаќинствата плаќале 32.791 денар.
Според податоците што редовно ги објавува Сојузот на Синдикатите на Македонија, зголемувањето на вредноста на кошничката е резултат на поскапата храна, но и новата значително поскапа цена на струјата. И двете ставки за 10 месеци се зголемиле за 400 денари во просек.
За разлика од растот на цените за живот, кај просечната плата во истиот период нема разлика. Односно во јануари таа изнесувала 27.540, а во август за кога има последен официјален податок 27.535 денари. Ова значи дека просечната заработувачка во земјава е за 100 евра покуса од просечната потрошувачка на едно домаќинство
Во истиот период кога поскапуваат храната и струјата, околу 15.000 граѓани останаа без работа заради корона кризата, а состојбата во здравството не ги натерала граѓаните да трошат повеќе за одржување на здравјето, и во јануари и во октомври за здрваје просечното семејство може да си дозволи само 700 денари.
Comments are closed for this post.