Диего Марадона уште неколку дена ќе остане во болницата во Ла Плата, каде што му беше извршена операција во мозокот по откриен хематом. Постоеше страв дека фудбалската икона на Аргентина ќе ја загуби животната битка, но докторот кој ја изврши операцијата, Леополдо Луке, потврди добри вести.
Диего е добро расположен, може да разговара, а веќе се движи низ ходниците во болницата. Закрепнувањето се одвива според планот, резултатите од последните тестови се одлични и многу сме среќни што сè помина во најдобар ред. Тој сакаше да си оди дома веднаш по операцијата, но го убедивме да остане уште неколку дена во болницата поради превентивни мерки. Деноноќно ја следиме неговата ситуација и можам да потврдам дека наскоро ќе биде пуштен во домашно лекување, од каде што ќе продолжиме да го третираме, истакна Луке.
Comments are closed for this post.