Сопругата на Новак Ѓоковиќ пред фановите сподели една стара романтична фотографија која датира од првите години на нивната љубов на нејзиниот Инстаграм профил.

Новак и Јелена се заедно уште од средношколските денови, а нивната долгогодишна врска ја легализираа со брак, а потоа ја „запечатија“ со своите две деца, Стефан и Тара.

Јелена Ѓоковиќ објави стара фотографија на која тaa и Новак ја прославуваат втората годишнина од нивната врска, а по тој повод тогаш Ноле и подарил 1001 црвена роза.

Слика од таванот! Гледам како изгледаме тука, како да сме ученици од основно училиште, а со 1001 роза ја прославивме двегодишнината од нашата врска и освојувањето на Дејвис купот, напиша Јелена под фотографијата.