Опозицијата ги покани Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи да објаснат за ситуацијата со преговорите со Бугарија во период кога во Брисел се разговара за преговарачката рамка со Македонија, а Бугарија најави вето.

На два ума бев дали воопшто вреди да објаснувам, но вистината е над сè. 

И покрај тоа што поканата од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието ја добив буквално од вчера за денес, мојот кабинет веднаш стапи во контакт и посочи дека би сакал да учествувам во дебатата во било кој формат, но дигитално, со оглед на Ковид 19. Ни одговорија дека немаат таква можност по Деловникот. Им укажавме дека може да биде и неформална седница или конференција. Па разбравме дека наводно немале технички можности (за таква работа замислете треба компјутер). Во услови кога деновите ми се важни, и треба да бидам негативен за да си ја работам работата, немам намера да си го загрозувам моето и здравјето на другите. Толку околу “шокираноста” што не сум се појавил.“, објави Димитров на Фејсбук.

 

Но, она што загрижува е контрадикторната изјава на Димитров кој сега вели дека не се појавил на Комисијата бидејќи не сакал да го загрозува здравјето а од друга страна во карантин замина министерот за Европа во германското МНР, Михаел Рот и бугарската шефица на дипломатијата Захариева.

Но, по извршената епидемиолошка проценка на ризик донесена е одлука вицепремиерот  Димитров и министерот Османи да не одат во изолација.

Се прашуваме кога Димитров ја говори вистината, кога вели дека не сака да се појави во Собрание за да не си го загрози здравјето или тогаш кога вели дека нема потреба да оди во изолзација заедно со Османи.