Бугарија ги поддртжува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но поддршката кон Република С.Македонија никогаш не била безусловна, изјави во утринската емисија на БТВ новините, бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захареива.

-Нема како во оваа етапа да му кажеме „да“ на Скопје. Во овој момент Бугарија не е во состојба да ја одобри преговарачката рамка со С.Република Македонија. Има Договорт за пријателство идобрососедство, што е потпипшан во 2017 година, но тој не се исполнува, објасни министерката за надворешни работи.

Таа додаде дека со Република С.Македонија имаме заедничка историја.

-Скопје го потпиша договорот, но сега се обидува да избега од тоа. Со држави како Грција и Турција имаме споделена историја, но не заедничка, за разлика од Македонија, рече Захариева.

Според нејзините зборови, владиниот кабинет е единствен по прашањето за Македонија, а таа е во постојан контакт со премиерот Бојко Борисов.

-Сите шпекулации дека некој нешто ќе смени во последеен момент, не одговараат на вистината, изјави Захариева.