Очигледно, „Ѓаволот веќе оддамна ја однесе шегата“!, ова преку статус на Фејсбук го пишува Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Запрепастувачки и страшни се бројките кои неконтролирано растат од ден на ден во Македонија, а власта и министерот Филипче молчат, не убедуваат дека се’ е под контрола и се однесуваат како ништо да не се случува.
Но, реалноста е далеку пострашна и алармантна.
Овие факти и овие бројки се поразителни и сурови.
Неспособноста и немањето на концепт и идеја на оваа власт како да се спречи ширењето на овој опасен вирус, ја доведоа Македонија да биде ЦРН ПРИМЕН И РЕКОРДЕР во Европа по новозаболени и починати лица како последица од КОВИД 19.
Од тие причини, ние нудиме брзо решение и БАРАМЕ:
1. Бараме бесплатно и брзо тестирање на сите текстилни работници;
2. Бараме бесплатно и брзо тестирање на лицата кои секојдневно и директно се изложени во контакт со голем број на лица и тоа, вработени во бутици, маркети, пазари, шалтерски работници во јавните установи, возачи во јавниот превоз, патарини и слично;
3. Бараме поефикасна работа на надлежните инспекциски органи и редовна контрола за утврдување на почитување на мерките за заштита од ширењето на КОВИД 19;
4. Бараме веднаш да се ослободат од работа болните од хронични болести;
5. Бараме бесплатни и брзи тестови за здравствените работници;
6. Бараме бесплатни и брзи тестови за наставничките и негувателките;
Г-дине Заев, г-дине Филипче, престанете да си играте со човечките животи и со здравјето на граѓаните!
Престанете да се занимавате со површни решенија и мерки, со ПР стратегии и со дефокусирање на јавноста со евтини дневно-политички теми и конечно, ФАТЕТЕ СЕ ЗА РАБОТА !
Бидејќи здравјето и безбедноста на граѓаните е Ваша должност и Ваша обврска !, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Очигледно, „Ѓаволот веќе оддамна ја однесе шегата“!
Запрепастувачки и страшни се бројките кои неконтролирано растат од…
Posted by Nikola Micevski on Monday, November 2, 2020
Comments are closed for this post.