Новата сезона во домашниот кошаркарски шампионат ќе стартува на 31. октомври потврдија од Куќата на кошарката. Како што велат оттаму се одлучиле за овој потег, давајќи им на клубовите десет дена како би можеле да се подготват за стартот на новата сезона. Од КФСМ дополнуваат дека секојдневно ќе ја следат состојбата во нашата држава и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје по потреба ќе бидат носени дополнителни одлуки.
„Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-мажи, и имајќи го во предвид фактот дека екипите кај кои беа забележани позитивни тестирања од Ковид-19 не можеа да го реализираат во целост тренажниот процес пред 21. октомври, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 31. октомври.
Во таа насока, секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише изјава-согласност со која ќе потврди дека ќе ги почитува општите мерки за превенција и заштита од Ковид-19 кои важат во делокругот на кошаркарскиот спорт, како и дека ќе ги почитува најавените протоколи за превенција и заштита од Ковид-19, од страна на надлежните државни органи и од страна на федерацијата. Вклучително и посебните мерки за превенција и заштита од Ковид-19 наложени од организаторот на натпреварувањата во рамките на федерацијата.
Федерацијата секојдневно ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, по потреба ќе бидат донесени и дополнителни одлуки за почеток и реализација на понатамошниот тек на натпреварувањето“, стои во соопштението на КФСМ.
Comments are closed for this post.