Во Русија во изминатите 24 часа пријавени се 317 смртни случаи од последици од новиот корнавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Во Русија досега починале 24.952 пациенти.
Во исто време регистрирани се 15.700 новозаболени лица и речиси 11.000 оздравени луѓе.
И Украина бележи рекорд по починати лица од коронавирус во изминатите 24 часа. Во оваа земја во текот на вчерашниот ден се потврдени 141 смртен случај како последица на коронавирусот, што е највисоко за еден ден, а регистрирани се 6.719 нови случаи на инфекција.
Украинскиот министер за здравство Максим Степанов изјави дека бројот на заразени лица на дневна основа може да се зголеми на 8.000, па дури и на 10.000 лица во следните недели.
Украина од октомври регистрира повеќе од 5.000 случаи на коронавирус на ден, поради што Владата ги продолжи рестриктивните мерки до крајот на 2020 година.
Степанов најави дека Украина ќе воведе карантински мерки доколку има повеќе од 11.000 новоинфицирани лица на ден.
Comments are closed for this post.